За АСП Апартмани Охрид

“АСП Апартмани” се наоѓаат во новиот дел од градот, во станбен комплекс наречен “Расадник” на ул. Карпош Војвода бр. 40.

Локацијата на апартманите е околу 15 мин. пешачење од центарот на градот. АСП апартмани се состојат од три луксузно наместени апартмани: два се со површина од 65/57м2 и секој има две спални соби, кујна, купатило и балкон, додека третиот апартман има површина од 42м2 и има кујна, купатило и балкон.

Кујните се комплетно опремени со сите потребни садови за готвење и јадење.
Локацијата на апартманите ви нуди мир и тишина, бидејќи во околината нема ноќни клубови и кафетерии.

Пред апартманите има бесплатен паркинг.

Во склоп на комплексот има три добро опремени продавници и аптека. Предноста е што со свој транспорт или со такси може брзо да стигнете до охридските плажи, избегнувајќи го сообраќајниот метеж во центарот на градот.

Идеални за фамилијарен одмор преку целата година.

Апартманите работат и во зима, бидејќи се опремени со греење.